Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Донација на Спорт Лаиф за ООУ “Ј.Х Песталоци”

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје.

Донацијата на „Sport Life” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа.

„Донацијата е дел од нашата визија за спортска нација и за подобрување на условите за развој на спортскиот дух кај децата уште од најрана возраст. Овој пат се работи за обновување на малото игралиште за фудбал, за учениците од основното училиште „Песталоци“ и поставување на ново детско катче. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за нови успеси и на образовен и на спортски план на училиштето и нивните ученици.“ – изјави Петар Поцков, маркетинг менаџер.

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, досега имаат реализирано бројни донации како: обнова на спортски игралишта во училиштата, поддршка на спортски клубови и натпревари, набавка на спортска опрема и сл., но и проекти за поддршка на социјално ранливите категории, и на традиционалните културни манифестации во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК

Усвоен буџетот на Општина Илинден за 2026 година

ДЕСК