Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски отстапи простор во КСП „Центар Јадро“ и МЦ „Матично“ за уметниците кои се ги избркани од МКЦ

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски отстапи простор во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично за уметниците кои беа избркани од МКЦ. Ликовните работилници на уметникот Доротеј Нешовски веќе започнаа, а театарските на актерката Нина Максимова исто така ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар.

„На мое големо задоволство и на задоволство на моите млади ученици, на возраст од 5 до 12 години, продолжуваме со редовните активности, двапати неделно во „Центар-Јадро“. Ова навистина е прекрасен простор, во кој децата имаат услови да цртаат, сликаат и учат во атмосфера на креативна дружба. Благодарност до општината и КСП Јадро што ни го отстапија бесплатниот простор“, вели Нешовски.

Во општинскиот Младински центар-Матично исто така е преместено и детското драмско студио што функционираше во рамки на МКЦ-Скопје. Театарските работилници ќе се одржуваат еднаш неделно, во саботите, под водство на професионалните актери Нина Максимова, Благојчо Стојанов и Јанка Лефкова.

Градоначалникот Герасимовски вели дека општината останува отворена за сите креативци, уметници и едукатори кои придонесуваат за културниот живот во градот.
„Центар е дом на културата, во кој се добредојдени сите креативни сили. И затоа, во рамките на општината, ги создадовме овие отворени простори за да ја заживееме културната сцена на Скопје. Продолжуваме да ги промовираме уметноста, творештвото и уметниците, порача Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Коњановски се обрати на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

ДЕСК

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

ДЕСК

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК