Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СВР Скопје расчисти три разбојништва и една разбојничка кражба, поднесени кривични пријави против четири лица

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против E.С. и Ј.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојништво” казниви по член 237 од Кривичниот законик. Пријавените ги сториле делата на 26.01., 13.02. и 01.03.24 во продажни објекти на подрачјето на општина Аеродром, при што со закана кон вработените одзеле пари од дневните промети, соопшти МВР.

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против И.Ш.и Ј.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба” казниво по член 238 од Кривичниот законик. На 27.02 2024 во круг на приватна фирма на подрачје на Драчево, пријавените одзеле предмети, а откако биле забележани од две лица, физички нападнале едно од нив, по што со нивното возило удриле во возилото на лицата, извести полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК