Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска горда со Ковачев на кого му беше забранет влез во земјава, ДПМНЕ може само да им наштети на националните интереси

-Фотографиите од Гордана Силјановска Давкова заедно со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев потврдуваат дека блокадите на иднината на земјата им се заедничка цел, соопшти СДСМ.

„Силјановска се гордее со Ковачев на кого му беше забранет влез во земјата, кој еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик, историја и култура.

Тој ја користи секоја прилика да зборува дека Македонија е вештачка држава, дека Македонците се вештачки создаден народ, дека македонскиот јазик е вештачки создаден.

Ковачев беше санкциониран од Европскиот парламент откако таму искористи нацистички поздрав.

Силјановска гордо стои со Ковачев, кој тврди дека Македонија ја факсигикува историја.

ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ДИРЕКТНИ ЗАКАНИ ЗА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА – АВМУ бара институциите да реагираат

ДЕСК

Лефков: Црните сценарија на СДС нема да успеат, банкарскиот сектор е стабилен

ДЕСК