Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

193 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 98 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ДИРЕКТНИ ЗАКАНИ ЗА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА – АВМУ бара институциите да реагираат

ДЕСК

Лефков: Црните сценарија на СДС нема да успеат, банкарскиот сектор е стабилен

ДЕСК