НСДП ја поддржува кандидатурата за втор претседателски мандат на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.
Пендаровски во овие пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки во интерес на меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Македонија, вели партијата.
„Пендаровски е пред сѐ човек кој има прогресивни идеи, претседател кој има визија за иднината на државата, а Северна Македонија е интегрирана и обезбедена во евроатлантските структури, меѓународно почитувана држава, која седи на иста маса со големите светски држави.
Претседател кој секогаш имаше став за сите битни политички прашања, прв го соопштуваше и на граѓаните им ги предочуваше добрите и лошите страни.
Претседател кој работи отворено, транспарентно, а претседателската вила е место кое граѓаните можат да го посетат и да разговараат со претседателот за важни прашања за нив и за државата.
Стево Пендаровски е човек за кој највисоки вредности се слободата и демократијата и како Нова социјалдемократска партија сметаме дека заслужува втор претседателски мандат и ја има нашата целосна поддршка“ велат од НСДП.