24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СТАВ

Извештајот на Фридом хаус и колку чини слободата?

Пишува Милутин Ристески:

Колку чини слободата? Нѐ прашуваше Роберто Беличанец пред повеќе од 7 години обидувајќи се во очај да ја разбуди желбата за слобода кај мнозинството од нас. Она исто мнозинство што одлучува кој ќе биде власт во Македонија. Она исто мнозинство што го шепкаше името на Мијалков до пред 7 години, а денес и не знае како се вика човекот кој сега управува со државната безбедност. И не треба да знае.

Ете толку чини. Ќе го шепотиме во страв името на Сашо Мијалков или ќе ни биде сеедно, кој и да е на неговата позиција денес?

Слободата, една од најголемите заслуги на оваа власт, ќе почнеме да ја цениме дури откако ќе ја изгубиме. А ја губиме полека. Затоа што заборавивме на „едно убиство да не можеш да сокриеш“, на „жена му, децата во ендек“. Затоа што на многумина од нас им се виде по малку симпатична онаа фотографија од Горде МВРО-ВМРО и Миле Ми Текна гушнати пред некој ден.

Колку чини слободата денес?

Денес излезе Годишниот извештај за политички права и граѓански слободи на Фридом Хаус. Извештајот кој кажува дали сме дел од оние 20% од светот кои живеат во слободни земји или можеби сме дел од 42% кои живеат во делумно слободни земји или пак дел од оние 38% кои живеат во неслободни земји. И ова денес ќе го прочитате во сите медиуми.

Ајде да видиме што нема да прочитате во медиумите, а ќе ни биде важно на сите особено по 24 април и 8 мај.

Како изгледа напредокот на Северна Македонија во извештаите на Фридом хаус од 2006 до денес?

Неколку клучни забелешки:
Вкупниот годишен скор (резултат) за Македонија во последните 22 години, во периодот 2003-2024 се движи од 57 до 68 поени, од кои најлоши години се 2016 и 2017 (режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ) со скор од 57 поени, а најдобри 2022, 2023 и 2024 со скор од 67 односно 68 поени (СДСМ).

2023 како најдобра година со скор од 68 е во мандат на СДСМ, 2016 и 2017 како најлоши години во овој период, со скор од 57, се во мандат на ДПМНЕ.
Како изгледа годишниот скор по категории?

Политички права, последните 4 години (СДСМ) скорот се движи од 27 до 29, додека во периодот од 2007 до 2017 (ДПМНЕ) истиот овој скор се движи од 21 до 26 поени.
Најдобра година 2023 со 29 поени (СДСМ), најлоши 2017 (ДПМНЕ) и 2018 со 21 поен.

Граѓански слободи, во последните 5 години (СДСМ) имаме стабилен скор од 39 поени, а најлоши години се 2016 и 2017 (ДПМНЕ) со скор 35-36 поени.

Најлоши години за политичките права и граѓанските слободи во Македонија се 2016 и 2017. Тогаш се закитивме со рекордно негативни скорови во последните 22 години. Од друга страна пак рекордни во позитивна смисла ни се годините 2022, 2023 и 2024.

На пример,
Во поткатегоријата Функционирање на Владата, рекордно најлош скор од 5 поени има ДПМНЕ во 2017, а рекордно најдобар од 8 поени има СДСМ во 2023.

Во поткатегоријата Изборен процес најдобри години се 2021-2024 со скор од 9 поени. Сите останати години скорот во оваа поткатегорија се движи од 6 до 8 поени.
Во поткатегоријата Политички плурализам и партиципација најдобри години се 2022-2024 со скор од 12 поени. Сите останати години овој скор се движи помеѓу 9 и 11 поени.

Во поткатегоријата Владеење на правото единствена најлоша година е 2016 со скор од 7 поени. Сите останати години овој скор изнесува или 8 или 9.
Имајќи предвид дека извештаите излегуваат секоја година во февруари, а се однесуваат на претходната година, можеме да заклучиме дека што се однесува до политичките права и граѓанските слободи, во последните 22 години Македонија вади најдобар резултат денес, а се однесува за годините 2021, 2022 и 2023, а најлош резултат вади на крајот од владеењето на претходната власт, на Груевски и ДПМНЕ, а се однесува на годините 2015, 2016 и 2017.

И сега, колку чини слободата?

Да се потсетиме на 24 април и 8 мај, со пенкалото во рака.

Спонзорирано: