Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Ги повикувам сите граѓани од 3 март, недела, да ја поддржат мојата граѓанска кандидатура за Претседател

Актуелниот претседател Стево Пендаровски најави дека започнува граѓанска кандидатура за нов мандат и ги повика граѓаните да му дадат поддршка потпишувајќи се за него.

„Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија“ рече претседателот Пендаровски на прес-конференција.

Тој додаде дека очекува во недела и СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник и останатите десетина партии од коалицијата на СДСМ.

„Во недела ќе присуствувам на конгресот на СДСМ, само во тој дел, да се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имаме средби со сите десетина партии кои најавија поддршка за мојата кандидатура, да слушнам предлози за мојата изборна програма“ рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ПРИВЕДУВАЊЕ ВО ВЕЛЕС ПО НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ – Во кругот на затворот пронајдени 193 таблети

ДЕСК

37-ГОДИШНА ОХРИЃАНКА ПРИЈАВЕНА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ДЕТЕ – Според полицијата, не ја вратила ќерката кај таткото

ДЕСК

НОВА ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО РАДОВИШКО – Приведени 26-годишник и 24-годишник

ДЕСК