22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Јакимовски: Освен со Мицкоски отворен сум за соработка со сите политички партии

Градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски во интервју за Слободен печат изјави дека на претстојните избори е подготвен за заеднички настап со некоја од помалите политички партии, но и дека неговата партија ГРОМ има капацитет и самата да настапи на изборите.

За соработката со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека со неа имал добра соработка, но дека не разговарале за партиска соработка.

„Имам коректна соработка со Данела Арсовска. Сигурен сум дека зад нејзината партија не стои Никола Груевски. Отворен сум за соработка со сите партии, освен со еден човек, освен со Христијан Мицкоски, но морам да кажам дека за каква било партиска соработка, досега со госпоѓата Арсовска немаме разговарано, ниту пред преземањето на партијата, ниту потоа. Ние се подготвуваме самостојно да настапиме на изборите, секако ако има некои други помали партии кои сакаат да настапат заедно со нас во ред, но ако нема, ние ќе настапиме и самостојно“ посочи Јакимовски.