Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јакимовски: Мицкоски сам себеси си е опозиција

Запрашан за односот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски во интервју за Слободен печат истакна дека Мицкоски се однесувал како самиот себе да си е опозиција.

Проблемот кај Мицкоски е што тој сам на себе си е опозиција. Ние не сме опозиција на опозиција, јас имам своја парттија тој негова. Мене во Карпош не ме блокира СДСМ ме блокира ВМРО-ДПМНЕ и неговите другари. Ако јас било каде во централната власта се јавувам за проблеми а не се јавувам за лични проблеми и ако секогаш ми е кренато на телефон и се што треба за локална самоуправа да е завршено, ми е завршено што лошо да кажам за тие луѓе?. А во исто време имам луѓе со кои заедно сме ја освоиле власта и со таа програма сме победиле и сега прават се за тоа да го блокираат“ рече Јакимовски.

Јакимовски вели дека Мицкоски немал никаков концепт и дека се противел на секој проект што се носи или се работи на централно и на локално ниво.

„Во исто време гледаш дека на главната политичка сцена во републикава Мицкоски зборува небулози, дека нема никаков концепт дека е против се и сешто. Во Карпош да не се донесе буџет, во градот се да се блокира, да биде што полошо, градски сообраќај да не земе плати. Сега гледам четири инвестиции има таму во енергетиката и сите четири не чинеле сите биле далавера. Можно ли е сите да се далавара како што вели тој, а сите четири договори се различни? А кога треба да се делат пари, против тоа не си, ќе го изгласаш и буџетот, ќе земеш пари за своите општини. За Карпош најмалку, а за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кој зел 110 милиони кој зел 70, кој 60, а за Карпош 15,6“ посочи Јакимовски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +