И од министерот за пасоши провидно, бајато, прочитано и веќе пржински видено
ЗОРАН ИВАНОВ
Министрот за пасоши, времен или постојан, сеедно, можеби малку од малку и барем привидно нешто поправи ова со пасошите но всушност апла и без скрупули си го турка тој веќе етаблиран пржински популистички партиски маркетинг, човекот кој доби аут од грчката амбасадорка во земјава, човекот од партијата која ја запре и ја закочи македонска европска агенда и кој, практично е изданок од матрицата на еден и европски регистриран режим, не се симна од неговите партиски телевизиски екрани за во јавноста да ги истура своите волунтаристички пориви за кои не доби прашања, а на кои одговорите веќе му ги даде грчката страна на која тој лично и тропна на врата и на која ем и’ се исколеничи, ем доби корпа, ем глуми некаков фраер демек, кажано и во оваа една реченица, ќе ја прекроел меѓународната доктрина за човековите права и сè така сонливо и авантуристички, ама некако не оди, едноставно не оди, не поминува затоа што сето ова негово, ова сега и од министерот за пасоши провидно, бајато, прочитано и веќе пржински видено.
Извор: Civilmedia.mk