10.8 C
Скопје
5. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 257 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 257 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05.02. до 11.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Спонзорирано: