Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Шукова: Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ беа во обиколка на изградениот канализационен систем во с.Побожје, општина Чучер Сандево.

„Во интерес на граѓаните, во интерес на општината, проектот е навремено спроведен со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно со средства што Владата ги додели на општината за реализација на овој проект. Тука не застануваме, туку продолжуваме и во 2024 година со втората фаза од проектот за затварање на канализационата мрежа за ова населено место со што граѓаните ќе добијат подобри услови за живеење“ изјави министерката Шукова.

Првата фаза од проектот е финансиски подржана од Министерството за животна средина и просторно планирање со средства од Програмата за инвестирање за животната средина за 2023 година во висина од 6 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – 23-годишна жена тешко повредена, уште две лица завршиле со повреди

ДЕСК

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Митровден, денот на Свети Димитриј, симбол на верата, храброста и надежта

ДЕСК

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК