Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Без СДСМ нема европска Македонија

Без СДСМ нема Европска Унија, нема Европска Македонија, тоа го потврдиле 32 –те години во државата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање.

-Ние сме имале Влади коишто ги предводеле ДПМНЕ, коишто не направиле еден милиметар кон било која интеграција. 11 години никакво подобрување на односите со соседите, напротив влошување, никакво подобрување на етничките односи во државата, напротив влошување.

Исчекорот на добивање на кандидатски статус, на зачленување во НАТО, на отпочнување на преговорите со ЕУ, на релаксирање на односите со соседите, на признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, се тоа се случува во мандати кога Владата е предводена од премиери кои доаѓаат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, рече Ковачевски.

Затоа граѓаните не треба да се грижат СДСМ ќе биде секогаш тука, додаде тој.

-СДСМ секогаш е тука за подобрување на животниот стандард, за интеграција на државата во најголемите безбедносни и економски сојузи, за зајакнување на односите со соседите и секако за зајакнување на врските со нашите стратешки партнери. Вие погледнете ги изјавите, пример на високите претставници на САД е виз-а-ви СДСМ или ВМРО ДПМНЕ и се ќе ви стане јасно, рече Ковачевски.

Апсолутно дека постои европски фронт, потенцираше Ковачевски надополнувајќи дека има мнозинство во парламентот кое се залага за евроинтеграција во државава и дека не може европската интеграција на државата да ја ограничиме на еден човек, тоа дали г-динот Таравари поминал од власт во опозиција.

Можеби ќе ве интересира

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – 23-годишна жена тешко повредена, уште две лица завршиле со повреди

ДЕСК

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Митровден, денот на Свети Димитриј, симбол на верата, храброста и надежта

ДЕСК

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК