Centar.mk
БИЗНИСвест

Гасната конегеретивна централа во Скопје ќе ги намали цените за парно во Скопје

Стратешката инвестиција на гасна конегертивна централа треба да обезбеди намалување на топлинската енергија за најмалку 40%. Тоа ќе ги намалу цените на парното греење во Скопје и директно ќе влијае на зголемување на интересот на граѓаните, особено оние кои некогаш се исклучиле, повторно да се приклучат на мрежата, пишува „24 инфо“.

Дополнителниот интерес за парно, ќе ослободи и дополнителна електрична енергија, што скопјани сега ја користат за затоплување на своите домови, со што ќе се придонесе кон намалување на аерозагадувањето во главниот град.

Конегеративната централа ќе ја гради компанијата Митилинеос и е проект вреден 290 милиони евра. Ова е една од четирите страшки инвестиции во енергетиката која треба да ја зајакне енергетската независност на државата и ќе произведува околу 1.150 гигават часови електрична базна енергија, пишува „24 инфо“.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски истакна дека финансиската помош од државата за оваа инвестиција е дефинирана на 17 отсто, односно нешто под 50 милиони евра.

„И веднаш ќе кажам дека компанијата е обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка. Значи нема никакви ослободувања. Само по оваа основа, согласно деловниот план кој ни е доставен за период од 30 години државата ќе приходува помеѓу 120 и 150 милиони евра. Или во бројки, на секое евро вложено во проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2.5 или 3 евра“ рече Деспотовски за „24 инфо“.

Можеби ќе ве интересира

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на “Алкалоид” при официјалната посета на владина делегација на компанијата

ДЕСК

Убава вест: Ново поевтинување на дизелот

ДЕСК

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

ДЕСК