16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ од САД: Во ЕУ до 2030 е реална можност, тоа е индикативен датум

„2030-та е реална можност. Тоа не е датум, кој ние даден како гаранција, туку како можност. Ние се боревме долго време, еве ова влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ, индикативен датум како можност за членство во 2030-та. Тоа го кажа претседателот Шарл Мишел“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“.

Тој додаде дека датумот е важен бидејќи во мандатот на наредната про-европска влада, во четири години може да се завршат преговорите.

„Ако наредната наша влада со овој коалиционен состав, ги заврши преговорите до крајот на 2028-ма, реално е да се очекува дека до 2030-та, ќе биде година на нашето членство. Треба една до една и пол година за ратификација на Договорот за пристапување. Дали ќе стасаме до 2030-та на бината за прием на нови членки, зависи пред се од нас, или ќе ги гледаме проблемите на начин на којшто сакаме да ги завршиме или на ќе ги гледаме на начин како можност за никогаш да не ги решиме и како можност за популизам и национализам“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека е важно да се излезе од долгата и тешка транзиција и да се понуди на новите генерации нова политика и нови можности со цел да се дојде до посакуваната точка – членството во ЕУ.

„Да заклучам, во 2030-та сигурно ќе има прием на нови членки. Наше е – одлуката, прашањето, дилемата, дали ќе бидеме меѓу тие нови членки на бината и ќе потпишуваме договор за пристапување или ќе бидеме во публика, ќе се радуваме затоа што некои наши соседи ќе бидат во ЕУ“ заклучи Маричиќ.