Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

Вчера, околу 19.00 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, соопшти МВР.

Мигрантите бил сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК