17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Членството на Македонија во ЕУ отвара можности за брз економски развој и напредок, повисоки плати, пристап до фондови…

Членството на Македонија во Европската унија со себе носи многу економски придобивки и отвара можности за брз развој и напредок.

Европски пазар од 500 милиони потрошувачи

Со полноправно членство во унијата, за македонската економија ќе се отварат вратите на единствениот европски пазар од 500 милиони потрошувачи. Во тој голем пазар нашите компании ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги. Тоа дополнително ќе ги зајакне трговските перспективи и потенцијалите за остварување на одржливи стапки на раст на БДП.

Искуството на други држави покажува дека во првите 5 години од членствоот во Унијата, стапките на раст на БДП се зголемуваат од 80 до 90 отсто.

Поедноставената трговија веднаш ќе ги зголеми можностите за извоз и ќе создаде услови за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста на нашите компании.

За Македонија важно е членството во ЕУ затоа што Унијата е наш економски партнер, 77,5% од извозот завршува во ЕУ, додека 51% од увозот доаѓа од таму. Со членството во ЕУ, домашните компании создаваат дополнителна економска вредност преку соработка со европски компании.

Членството во ЕУ ќе овозможи и можност за слободно движење на работната сила во рамки на европскиот економски простор.

Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што креира подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.

Пристап до европски фондови

Голема придобивка од членството во ЕУ ќе биде и пристапот до европските фондови, најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието.

Голем раст на платите

Со членство во ЕУ со создаваат реални услови за голем раст на платите, кој кај одредени држави во првите 5 години по зачленувањето во ЕУ се движел од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

Ова ќе биде директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за нивниот смеен буџет и животен стандард.