Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Температури и до 20 степени, а потоа голема промена – Синоптичарите ја објавија деталната прогноза за следните 4 дена

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на работната недела дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината иако постепено ќе опаѓаат.

Прогноза за 07.02.2024
Минимална температура: -1°C до 4ѝ°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Наутро со услови за појава на магла понекаде во котлините Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Прогноза за 08.02.2024
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена променлива облачност. Ќе дува слаб претежно југозападен ветер.

Прогноза за 09.02.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Наутро со услови за појава на магла понекаде во котлините, а преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +