Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ на работна средба со О`Брајан и Агелер

Во пресрет на лидерската средба на земјите на Западен Балкан утринава Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со премиерот Ковачевски одржаа средба со стратешките партнери и блиски соработници, од Соединетите Американски Држави, помошник секретарот од Стејт Департментот Џејмс О’Брајан и амбасадорката Анџела Агелер.

На средбата беа потврдени ставовите за следните чекори кои е потребно да се превземат во однос на успешно реализирање на водење на државата кон Европската Унија.

На средбата беше истакнато дека создавањето сојузи и креирање на мостови на пријателство и соработка во регионот се главна водечка стратегија за реализација на Планот за раст на Европската Комисија за интегрирање на државите на Западен Балкан во ЕУ.

Главните определби на средбата беа дека наши приоритети на патот кон ЕУ се заложбата за реализација на реформите, соработката, поврзувањето преку финансиските инструменти кои ќе значат стабилно и сигурно развивање на државата и на регионот.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК