Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Богоев: Преку зголемување на ефективноста на Царината ги подобруваме условите за работа на компаниите

Директорот на Царинската управа денеска ја посети фабриката на компанијата Дрекслрмајер Македонија, еден од најголемите странски инвеститори во Македонија.

Во разговорот со генералниот директор на компанијата Лукас Мирингер Богоев истакнал дека Царинската управа преку зголемување на својата ефективност и ефикасност придонесува за подобрување на условите за работа на компаниите.

„Целта на сите мерки и активности што ги преземаме во моментов е олеснување на трговијата и забрзување на транспортот со цел зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар што ќе резултира со поголеми приходи во Буџетот и повеќе пари за инфраструктура“ истакнал Богоев.

Дрекслмајер е една од компаниите кои имаат и статус на овластен економски оператор. Од таму велат дека стекнувањето на ваков статус за компанијата значи поедноставување на постапките, забрзување на протокот на стока, како и олеснување на трговијата и одржување на константно ниво на безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК

Андоновски: Политиките за иновации ги преточивме од закони во пракса

ДЕСК