Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари, велат од СДСМ

-СДСМ го продолжува растот на платите и во 2024 година. Од месец март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари, соопшти СДСМ.

„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.

Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните и да го вреднува трудот на работниците.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери

ДЕСК

ДУИ: Скандалозен и брутален притисок и терор врз обвинителството од страна на ВМРО

ДЕСК