Интегрален текс од денешната прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:
Економските политики на СДСМ даваат конкретен резултат, растат платите и пензиите.
Просечната плата СДСМ ја зголеми и веќе надмина 630 евра. Нашето ветување за просечна плата го надминавме.
Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра. Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денеска.
ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците.
За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни.
Затоа минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари а во некои области во текстилната и кожарската индустрија и помала.
СДСМ ја зголеми минималната плата и денеска изнесува над 20.000 денари.
Не сме веќе земја со евтина работна сила туку земја која го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници.
Сите овие бројки потврдуваат дека СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба.
Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат.
Повеќе за сите е и мерката за поголеми плати на работниците во приватниот сектор од 3.000 – 9.000 денари од новиот пакет антикризни мерки.
Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата.
Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе.