Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Градинката Корчагин доби целосна реконструкција на кровот и внатрешноста на градинката

Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ доби комплетно реконструиран кров, надворешни тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се реновирани занималните и ходниците, реконструиран е дел од ентериерот, извршена е замена на внатрешната столарија, прозорците и паркетот, тоалет на горниот кат, а направена е и целосна замена на електричната инсталација како и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.

„Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа работевме на обновување на кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе придонесат за поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен комфор за децата“, порача Герасимовски.

Покрај реконструктивните работи Општина Центар обезбеди и дидактички материјали за сите деца од градинката. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандард.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“

ДЕСК

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК