Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Запленети материјали за производство на психотропни супстанци

Вчера, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога од СВР Скопје до Јавен Обвинител од ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.4 од КЗ против Л.В. (59) од Р.Полска, со престојувалиште во Скопје. Кривичната пријава е поднесена после спроведена истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје при што беа обезбедени материјални докази дека полскиот државјанин во текот на месец ноември 2023 година, откако пристигнал во Скопје, неовластено набавил супстанции и материјали за кои знаел дека се наменети за производство на психотропни супстанции и прекурзори и тоа 88350 таблети, соопшти МВР.

Врз основа на Наредба за вештачење од јавен обвинител од ОЈО Скопје од страна на Фрамацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје е изготвено стручно мислење, согласно кое од запленетите таблети кои во својот состав содржат псеуфоефедрин, а со оглед на големата количина која е запленета, истата може да биде употребена за нелегално производство на најмалку 3545 грама на метамфетамин.

По поднесувањето на кривична пријава од страна на јавен обвинител од ОЈО Скопје, полскиот државјанин е изведен пред Судија на Основен кривичен суд Скопје, од чија страна е изречена казна условна казна затвор од 2 години и мерка протерување од РСМ и забрана за влез во траење од 8 години. Исто така, од страна на Судија изречена му е мерка за одземање на таблетите, како и парични средства во износ од 14450 евра и 290.000 денари, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.