Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Герасимовски: ООУ „Кочо Рацин“ добива сензорна соба и Кабинет по информатика

По повод 79-роденден на ООУ „Кочо Рацин“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорите на Полска Кшиштоф Гжелчик, Италија Андреа Силвестри и пријателите од ,,Отворете ги прозорците,, отворија сензорна соба и Кабинет по информатика за учениците од ова училиште.

„Ние сме општина која преку образованиот процес инвестира во младите генерации. Наш приоритет се токму вакви проекти кои во училиштата даваат еднакви можности за сите, за процес кој е инклузивен и со индивидуален пристап за секое дете. Воедно на директорката сите вработени и учениците им честитам 79-години од основањето на училиштето „Кочо Рацин“. Ви посакувам уште многу успешни генерации кои преку своите кариери ќе ја промовираат Општина Центар и ова училиште. Гледам дека и мотото на вашата приредба е љубовта која ги спојува минатото и и иднината и тоа ме прави особено среќен. Каде и да сме да не заборавиме од каде сме почнале, како сме се градиме и кои се амбиициите пред нас“, рече Герасимовски.

Општина Центар издвои сопствени средства за отворање на Кабинетот за информатика, училиштето доби и сензорна соба со поддршка од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Советот на родители кои преку донаторски акции учествуваа со финансиски средства. Во денешната прилика италијанскиот амбасадор Силвестри донираше и учебници по италијански јазик за првата паралелка која го изучува овој јазик.

Можеби ќе ве интересира

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

ДЕСК

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК