Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник во Битола, украденото вратено на сопственикот

Денеска ( 13.12.2023) во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ. Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК