Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени двајца малолетници од Тетовско: со метален предмет нападнале друг малолетник

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 декември) во 23 часот лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско Џепчиште, кои претходно биле пријавени од 56-годишник.

Тие околу 21 часот и 30 минути во селото физички го нападнале неговиот малолетен син.

Според пријавеното, едниот од нив користел и метален предмет. Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата пријавени малолетници ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК