Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Општина Центар единствена новогодишно украсена општина во Градот Скопје

Општина Центар го обели образот на Град Скопје, тоа е единствената општина која е новогодишно украсена. Општината е украсена на повеќе локации каде се поставени новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека после економската криза граѓаните имаат потреба од позитивна енергија.

„Општина Центар е единствена украсена општина во Градот Скопје. Мислам дека после поскапувањата и штедењата, после економската криза граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух. Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и уживаат во новогодишната бајка“, вели Герасимовски.

Украсувањето започна од улицата „Орце Николов“ па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и 9 метарска новогодишна елка. Украсен е и Скверот пред општината каде има поставено мрежа со сијалички на сите дрва, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички. Новогодишни украси исто така се поставени на скверот и паркот во населбата Капиштец.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +