22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Каевски: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин, многу бело има околу ДПМНЕ!

-Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност. Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ. Што крие? – изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

-И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин. Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин. Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин, изјави Каевски.

-Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор. Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!? – рече Каевски.