Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Царинска управа: Запленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници. Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра, соопшти Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК