“Видете јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа..кој на мене ми правеше гилотина минатата година во јули пред Собрание, кој на мене ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада, кој организираше фрлање на молотови коктели врз МНР, кој ја организираше толпата која што сакаше да влезе во зградата на владата при усвојувањето на европскиот предлог. Кои луѓе беа таму, се сеќавате. Се сеќавате дека таму беа и тој Палевски што го спомнувате, се сеќавате дека таму беше и претседателот на Левица, се сеќавате дека таму беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Тој додаде дека таму биле и претставници на медиуми, член на Државна комисија за спречување на дискриминација, и дека неколку пати укажувал дека има странски агентури кои што го финансираат тоа.
“Кој, зошто, како е санкциониран и кој зошто не е санкциониран единствено можат да ви дадат одговор истражни правосудни органи, бидејќи ние во оваа држава мора да сфатиме дека владеењето на правото треба да биде врвен приоритет и владеењето на правото треба да важи за секого“, потенцираше Ковачевски.
Тој додаде дека за него е несфатливо, што минатата година имало гилотини пред Собрание, јавни судења, молотови коктели.
„Знаете што и правеа на мојата малолетна керка на Тик-ток со монтирање на видеа, тоа се истите тие луѓе, истата таа група и затоа кога ги прашуваат кога се гледале не одговараат, еве јас ќе ви додадам што правал претседателот на ЛДП, бившиот претседател на состаноци со Љупчо Палевски, што барал генералниот секретар на ДС на состаноци со Љ.Палевски минатата година, што правел? Заклучи Ковачевски.