22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Судската власт во државата е поставена независно, секогаш одговорноста има име и презиме

Судската власт во државата е поставена независно. Јас секогаш повторувам дека никогаш не можете да генерализирате за одредена институционална поставеност каква е. Секогаш одговорноста има име и презиме. Гледајте го овој грозоморен случај тој има и име и презиме. За се треба да има одговорност“, изјави Премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Тој додаде дека Членовите на судски совет, се членови на судски совет со сите обврски, одговорности кои им следуваат, тие се избрани во собрание, не може да ги избере СДСМ или друга политичка партија.

„Не може да ги изберат само пратеници од СДСМ. СДСМ води коалициона Влада. Бројот на пратеници на СДСМ не е 61, бројот на пратеници кои што се од СДСМ е 31 и има коалициони партнери до 65. Затоа изборот е направен од мнозинство на пратеници. Вие не можете дека 1 политичка партија избрала. И кога ќе биде избран некој на одредена функција тој треба да работи согласно закон и согласно одговорностите и обврски кои ги има со целосен интегритет“, заклучи Ковачевски.