5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: После 17 години ќе имаме редовни избори, како што доликува на земја членка на НАТО која преговара со ЕУ

„Ќе има редовни избори, после 17 години во државата. Зашто мора постојано да е вонредна ситуација во државата. Ние сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која претседава со ОБСЕ земја во која се водат преговори помеѓу други држави, зашто да биде вонредна ситуација. Ние сме заслужиле и граѓаните да имаме редовни избори во редовни термини“, изјави Премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Тој додаде дека годинава во иста година има и парламентарни и претседателски избори.

„Со оглед на тоа дека јасно ни кажуваат граѓаните дека не сакаат чести избори дека тоа секогаш им беше наметнувано од политичарите. Прво од една политичка партија, бидејќи вие се сеќавате избори се закажуваа во МК по аеродроми, 2008 година избори на аеродроми беа закажани“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека од финансискиот аспект, одвоени избори чинат 16 милиони евра, а ако вториот круг на претседателските избори е во исти ден со парлементарните избори се заштедуваат 4 милиони евра.

„Јас повикав на широка дискусија помеѓу партиите, не во формат четири партии да седнат туку сите парламентарни партии и вие гледате седниците кои јас ги закажувам се секогаш во таков формат бидејќи секој треба да го каже своето мислење. Речиси едногласно со неколку помали исклучоци сите беа да имаме избори на 24ти април и 8 мај и да бидат се разбира редовни“, истакна Ковачевски.

Тој заклучи дека се разговарало и за изборниот закон за кој што исто така веќе се имплементирани препораките на ОБСЕ – ОДИХР и е договорено да биде доставен делот до координаторите на пратеничките групи кои што ќе ги предложи собранието на следната седница за да биде и тоа изгласано во рок од 6 месеци до изборите бидејќи во таков рок се наоѓаат.