На 2 и 3 Декември 2023 година, во Скопје се одржа регионалната конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина’’.Конференцијата беше организирана од страна на Институтот Прогрес и фондацијата „Калеви Сорса’’ од Финска.
На конференцијата земаа учество домашни и странски експерти кои говореа што значи за Република Северна Македонија да влезе во Европската Унија и како државата да има прогрес и подобра иднина за граѓаните.
Европската политика мора да има храба политкаа на проширување кон Западен Балкан. Република Македонија мора да ги искористи сите инструменти: план за раст, отварање на преговори и нивна реализација за да стане членка во 2030 година на ЕУ. Доколку се пропушти овој план за реализација тоа би значаело државата да се врати наназад и да се влошат регионалните односи.
Во Рамките на конференцијата покрај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ говореа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, проф.д-р Никола Дујовски како и Киммо Килјунен – членот на парламентот од Финска.
Спасовски на конференцијата рече: „ Нема безбедност и напредок на ЕУ доколку нема консолидација. Бидејќи не посветеноста не ЕУ за овој регион, во доволна мера допринесе да се зголемува Руското влијание и интензивно да ги пробиваат одредени политички структури кои не мислат за иднината на државата туку за свои лични интересни. Преку ваквиот однос оживуваат политичките стуктури и идеи кои се враќаат назад во минатото, не одат кон иднина напред – и од тој аспект сите ние носиме сериозна одговорност во многу сегменти ако сакаме да допринесеме и за безбедноста и сериозно да влијаеме за светската безбост ‘’
На регионалната конференција имаше учесници од регионот и тоа од : Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.