Повеќето возачи се збунети од жолтото светло на семафорот. Кога ќе се вклучи, по зелено светло, бара брзи одлуки од возачите во близина на семафорите.
Кога се приближувате до раскрсница со семафори, зеленото светло значи слободно поминување, а црвеното светло значи дека нема поминување. Но, што вели Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за жолтото светло на семафорот?
Запалено независно жолто светло значи дека возилото не смее да ја премине линијата за запирање или да влезе во раскрсницата, доколку во моментот на појавување на жолтото светло е на такво растојание од семафорот што може безбедно да запре.
Затоа, приоритет е безбедно да се запре. Но, ако жолтото светло е вклучено во исто време со црвеното светло, тоа значи дека светлата наскоро ќе се сменат, а зеленото светло ќе се вклучи.
Но запомнете, тоа не значи дека забраната за поминување означена со црвено светло престанува да важи.