Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: 2 години локална власт без резултати, ДПМНЕ ги изневери граѓаните

-После 2 години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е нула. Градоначалниците и локалните власти на ДПМНЕ не работат ништо за граѓаните, освен што им ги поскапуваат цените и ги задолжуваат општините, соопшти СДСМ.

„Проектите кои ги ветуваа останаа нереализирани, изборните програми и најавените проекти на градоначалниците на ДПМНЕ останаа само на хартија.

Додека се луксузираат на крстатења и со скапи часовници и даваат тендери на роднини и сопартијци, градоаначалниците на ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, паркинг, комунални услуги.

Мицкоски и ДПМНЕ ја изневерија довербата којашто им ја дадоа граѓаните.

ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето наредните денови?

ДЕСК

Трагедија: Починато бебе пронајдено во Скопје

ДЕСК