Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ги чека пораз на изборите

-Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ги чека пораз од граѓаните на изборите наредната 2024 година. Граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност. Граѓаните сакаат членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина, соопшти СДСМ.

„Мицкоски бадијала се крсти во коалицијата со Левица, партијата која нуди само инциденти, насилства и хаос.

Проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе победи на изборите и претседателскиот кандидат предложен од СДСМ ќе биде претседател на државата.

По изборите СДСМ повторно ќе ја формира проевропската коалициска Влада и премиер повторно ќе биде Димитар Ковачевски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК