Centar.mk
perokostadinov
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Како држава мора да поработиме на децентрализацијата, за општините сами да го креираат својот развој

„Мора да поработиме, како држава, на планот на децентрализација, за да голем дел од општините да можат сами да го креираат својто развој. Тука пред се мислам на фискалната и финансиската децентрализација која е многу значајна“ рече градоначалинкот на Валандово, Перо Костадинов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека Валандово има мал буџет, но како општина редовно го користи механизмите и можностите за добивање нови извори на финансирање.

„Ние ги користиме сите механизми кои ни стојат на располагање за финансирање на капитални проекти. Сегашното ниво на децентрализација на општините не им дозволува да работат високи капитални проекти, без повици за дополнително финансирање. Од нас зависи на кој начин и како ќе ги искористиме тие средства“ рече Костадинов.

Градоначалникот истакна дека на европскиот пат ќе мора да се изедначиме со стандардите во ЕУ, па поради тоа ќе мора да се зголемува процесот на децентрализација на општините.

Можеби ќе ве интересира

Филипче по обраќањето на Руте: Членството во НАТО е трајна придобивка од политиките на СДСМ

C +

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

C +