Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Опасно е што национализмот се провлекува пред изборите

„Опасно е што национализмот се провлекува пред изборите. Ќе се борам дека мора да го трасираме патот на државата во правец каде што е нашата иднина и нашата можност да создадеме функциионална држава и систем. На тој план не гледам алтернатива“ рече потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека со националистичките теми се прави дефокус од она што значи реално живеење и подобрување на условите за живот на граѓаните.

„Имаме трасиран план и мораме сите да направиме национално единство и да немаме дилеми кои се стратешките цели на државата. Често за теснопартиски интереси ги жртвуваме стратешките цели, затоа тука не смее да има компромис“ рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +