Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Социјална зграда вредна 10 милиони евра, СДСМ инвестира во инфраструктура и се грижи за ранливите

Интегрален текст од изјава за медиуми, Јон Фрчкоски, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ

СДСМ инвестира во современа инфраструктура но се грижи и за ранливите граѓани.

Се наоѓаме во општина Бутел во Скопје, ова зад мене е најголемата социјална зграда во државата.

Оваа зграда не е само капитален објект, таа е дом за 312 семејства на наши сограѓани.

Инвестиција вредна речиси 10 милиони евра на Владата на СДСМ, со единствена цел, да помогнеме на деца без родители, на самохрани родители, лица со попреченост.

На оние на коишто им е неопходен дом.

Затоа што за СДСМ сите се важни, грижата за сите е важна. Инвестираме во инфраструктурата но се грижиме и за оние на кои помошта од државата им е неопходна.

Ако се направи споредба со времето на ДПМНЕ, вредноста на оваа зграда од 10 милиони евра е еднаква на 4 лава -споменици од Скопје 2014.

Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. СДСМ се грижи за подобар живот на граѓаните, ДПМНЕ за спомениците.

СДСМ не сади жални врби и палми во Вардар туку вложува во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме.

И во светска економска криза, Владата предводена од СДСМ покажа дека може да се инвестира.

Вакви социјални згради изградивме ширум републиката.

Во изминатите 4 години, изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални станови.

СДСМ ќе продолжи со инвестиции во инфраструктурата, ќе продолжи со вистинска грижа за сите.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК