Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Кочани, кај него пронајдени два пиштола на кои им ги фалсификувал ознаките

Вчера во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.В.(49) од Кочани, поради сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување огнено оружје“ по член 396-а од Кривичниот законик. Полициски службеници кај него пронашле и одзеле два пиштола калибар 7,62 мм без фабрички број, односно им биле избришани ознаките. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК