Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Економското зајакнување е клучен аспект за справување со социјалниот ризик

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со Јулијана Накова Гапо националната директорка на СОС Детско Село, Флориан Трагер Стаинтјес, Прв Политички Секретар и Раковидител за прес на Амбасадата на Сојузна Република Германија ја отворија конференцијата во рамките рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“. Конференцијата е организирана од страна на СОС Детско Село а е финансирана финансиран од Германското Министерство за Соработка и Економски развој.

„ Живееме во свет каде што социјалните ризици можат да се манифестираат во различни форми – економски тешкотии, дискриминација, предизвици со менталното здравје и многу повеќе. Наша обврска е, како сочувствителна и меѓусебно поврзана заедница, директно да ги решаваме овие прашања и да бидеме застапници и сојузници на оние кои се соочуваат со социјален ризик“ објасни Тренчевска.
Таа истакна дека образованието и економското зајакнување се клучни за извлекување на младите од социјален ризик и воедно ги истакна заложбите на Министерството за труд и социјална политика.

„Ова е сегмент каде што се приклучуваме ние како Министерство за труд и социјална политика. Наша клучна алатка е Оперативниот план со активни мерки и програми кој оваа година го проектиравме со 32 милиони евра и е за 2 милиони евра повеќе од минатогодишниот Оперативен план за вработување. Додека гаранцијата за млади програмата која е тренд за земјите во Европската Унија, а ние ја спроведуваме како земја која не членка и можам да кажам дека сме особено горди на истата. Од 2018 година, а заклучно со 2022 година, 90.623 лица се вклучиле во оваа програма“ рече Тренчевска.

На крај министерката порача на заедничко премостување на границите и градење на можности за создавање на општество во кое секој човек има можности. Ја поздрави иницијативата на СОС Детско село и повика на обединетост кон поддршката на оние не кои им е најпотребна.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК