Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Пецаков, градоначалникот на Охрид од ДПМНЕ, заминал на егзотично патување, го нема

-Поминаа цели две години откако Пецаков и ДПМНЕ го запоседнаа Охрид, а Пецаков не се одважи да застане пред охриѓани и да даде отчет за сработеното. Пецаков ГО НЕМА. И додека Охрид тоне секој ден, додека се тера интензивна партизаицја на општината градоначалникот од ДПМНЕ, Пецаков ГО НЕМА . Цела недела Пецаков не е ниту во Охрид ниту во Македонија. Додека расте револтот на охриѓани прашањето е каде е градоначалникот Пецаков? – изјави на денешната прес-конференција, Лионела Јаковлева, членка на ИО на ОО СДСМ Охрид.

-Според информации кои се доставени до нас тој е на егзотично патување заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет? Кој платил за егзотичното крстарење на Пецаков? Граѓаните на Охрид очекуваат одговори, изјави Јаковлева.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК