На 15.11.2026 во 15:30 часот на регионален пат Радовиш-с.Дедино, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 41-годишен жител на с.Дедино.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал 41-годишникот, а од извршената контрола било утврдено дека возилото било нерегистрирано, не поседувал возачка дозвола и со дрегер му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


