Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 37-годишен жител на Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


