26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Младите од Општина Чаир со моќни визуелни пораки за заедничка подобра иднина

 

На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, ЦИВИЛ и Општина Чаир во заедничка соработка одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“.

Пред Општината беа изложени ликовните творби на ученици од 9 основни училишта од Општина Чаир. Учениците твореа на тема мултикултура, еднаквост и толеранција. На сите учесници им беа доделени награди од Општината и сертификати за учество од ЦИВИЛ.

„Чест ми е што денеска сме тука со наши ученици, родителите и наставниците. Наставниците се наш најверен партнер бидејќи преку нив ги организираме училиштата да бидат дел од сите овие проекти. Преку ликовните дела на учениците ја гледаме нивната иднина и како да чекориме сите заедно за да ја изгадиме. Како Општина секогаш сме отворени за вакви проекти, ова не е прв проект што го правием со ЦИВИЛ, Нема да биде ниту последен. Навистина ќе гледаме нашата соработка да продолжи и во иднина. Навистина сум изненаден од она што сте го сработиле. Ова ќе се вреднувам и секогаш ќе гледаме да бидеме поттик за да помогнеме и да имаме вакви проекти“, ијзави градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во совето обраќање истакна дека ликовните творби на учениците се моќна порака за светот.

„Знам дека сте млади, дека сте деца. Но, знам и дека слушате од вашите родители што се случува во светот. Ова што сте го направиле, сликнете го, ствате го во електронска форма, пуштете ги пораките нека одат во светот. Чекор по чекор ќе успееме, верувам во тоа, да го промовираме мирот, почитта и љубовта меѓу луѓето. Возрасните ви оставаат малку тежок свет. Меѓутоа овие слики овде денеска и вие самите, вашите погледи, зборуваат дека вие кога ќе дојдете да го владеете овој свет ќе биде подобар., барем малку, од она што ние успеавме или не успеавме да го направиме. Верувам дека ова ќе биде Општината ќе биде позната во наредниот период и во европа, токму поради овие ваши амбасадорски трудови3, изјави Дерала.

Дерала изрази уверување дека нивните пораки за мир, љубов и почит меѓу луѓето ќе допрат до што е можно повеќе срца во Европа и во светот.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Извор: Civilmedia.mk