Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДКСК да отвори предмет за скандалот „кумска врска“ во Штип

-ДКСК да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип за тендер за ЈП Исар вреден 20.000 евра, соопшти СДСМ.

„Имено општина Штип, предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендерот, кој го има добиено фирма на чиишто сопственици зет за ќерка им е лицето Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот Иван Јорданов.

За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на претпријатието ЈП “Исар” коешто ги доделува тендерот.

ДКСК треба да оформи предмет и да утврди, затоа штп постои основен сомнеж за судир на интереси.

Како тоа тендери од илјадници евра завршуваат кај кумашини, секогаш кога ДПМНЕ е на власт?“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК