7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Познато е кој ќе биде домаќин на 96. доделување на Оскарите

Џими Кимел ќе се врати на сцената по четврти пат како водител на Оскарите.

Познатиот водител и комичар ќе биде домаќин на 96. доделување на Оскарите, а неговата сопруга Моли МекНирни ќе биде извршен продуцент на телевизиската емисија.

„Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите точно четири пати“, се пошегува Кимел, а извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката на Академијата Џенет Јанг рекоа дека се „задоволни што Џими ќе се врати како водител, а Моли како извршен продуцент“.

Инаку, поради штрајкот во Холивуд се шпекулираше за потенцијално одложување на датумот на доделувањето на Оскарите, но сега се знае дека доделувањето на наградите ќе се одржи според планираниот датум, на 10 март 2024 година.