Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Непал

Вчера околу 17.50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.М.(34) од Република Србија, соопшти полицијата.

Во возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.
М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +